Радио Милева шокиран

„Колку и да сум несериозен, ова го сфаќам многу сериозно“: Кеба проговори за негативните коментари и навредите кои ги доби на социјалните мрежи (фото)

„Колку и да сум несериозен, ова го сфаќам многу сериозно“: Кеба проговори за негативните коментари и навредите кои ги доби на социјалните мрежи (фото)

Драган Којиќ Кеба е познат како поборник за здрав живот, а секој слободен момент го користи да го помине во природа, а неодамнешното видео на кое се гушка со дрво предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Кеба призна дека бил шокиран од количината на негативни коментари кои ги предизвикал.

Тоа е природно. Одиш во природа, трчаш, се занимаваш со гимнастика. Ја делите енергијата со дрвото. Го гушкаш, го бакнуваш – го опишал Кеба своето видео, а потоа се навратил на пораките кои ги добивал од следбениците по тој повод на социјалните мрежи.

– Толку се забавувам со коментарите, што не можам да опишам. Еве го, одлепил, претерано. Спид, кринџ ... Од 100 проценти од нив, за жал, само 20 проценти се убави коментари. Ме воодушеви една госпоѓа со дете. Напишаа „Тимот на Кеба“ и го гушнаа дрвото, тоа е порака. Но, луѓето го игнорираат тоа и велат „Кеба полудел“. Не, луѓе, тоа е само доказ колку се опасни овие социјални мрежи – изјави пејачот.

И покрај тоа, Кеба истакнува дека негативните коментари, па дури и навредите ни најмалку не го засегаат.

– Не можат да ми наштетат поради мојата возраст, искуство и воопшто разбирање за животот. Што е поубаво од поврзување со нешто што е убаво и којзнае колку постаро од нас, а тоа е природата – рече Кеба, а потоа додаде:

– Сè уште ги чувам тие работи што ги објавив на Тик-Ток. Ќе ги избришам, но не сѐ уште затоа што добро се забавувам и вадам некои заклучоци за опасноста што демне на социјалните мрежи. Јасно ми е дека технологијата како што се развива има свои жртви. Не дозволувајте, особено на помладите, а на постарите им велам да ги контролираат. Колку и да сум несериозен, ова го сфаќам многу сериозно.

Фото: printskrin/YouTube

To top