Радио Милева сумата е баснословна

Колку чини Сека Алексиќ? После провокативното издание излезе и ценовникот (фото)

Колку чини Сека Алексиќ? После провокативното издание излезе и ценовникот (фото)

Сека Алексиќ имаше настап во Белград, а нејзиниот скап стајлинг ги привлече сите погледи.

Сека носеше фустан од колекцијата Коперни, чија цена со попуст е 197 евра, пишува на веб-страницата Farfetch. Фустанот има апстрактни футуристички мотиви и одлично се совпаѓаше со нејзиниот препознатлив стил.

Она што е особено интересно е изборот на обувки – црни чизми-хеланки, кои доаѓаат од луксузниот бренд Balenciaga. Овие чизми се еден од водечките модни трендови и чинат импресивни 3.190 долари.

Изгледот Сека го комплетираше со елегантни црни аксесоари, меѓу кои и црна чанта од брендот Ив Сен Лоран, чија цена е околу 3.000 евра. Нејзините големи црни очила, со остар и футуристички дизајн, дополнително го истакнаа мистериозниот изглед, додека едноставната, но ефективна шминка го даде последниот шмек на целиот стајлинг. Сека остана доследна на својот стил и секогаш привлекува внимание и со гласот и со впечатливиот изглед.

Сепак, таа не криеше дека се уште ја интересираат коментари за неа, и дека често ги следи.

„Ме интересира што мислат луѓето за нас, понекогаш ги читам коментарите. Тоа е сосема природно. Кај Вељко нема коментари на омраза, секако дека има кај мене. Можам да се справам со тоа. Никогаш не сум размислувала за тоа, кажувам што сакам, искрена сум“, изјави пејачката.

фото: printscreen/instagram/seka_aleksic

To top