Познатиот пејач Саша Капор својата музичка кариера ја започна во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Капор таму го покажа својот талент и брзо ги освои симпатиите на публиката. Во досегашната кариера има снимено еден албум и неколку синглови, а пејачот е во хармоничен брак со колешката Николина Ковач.
Како и нејзиниот сопруг, Николина гради успешна пејачка кариера, но може да се забележи дека и двајцата на прво место го ставаат семејството.
Луѓето се заинтересирани за многу работи од нивниот живот, вклучувајќи ја и разликата во годините меѓу нив. Пејачот Саша Капор е роден на 16 октомври 1985 година, додека неговата избраница на 15 декември 1990 година.
фото: printskrin/instagram/nikolina.kovac