Ништо лично „повампирени“ идеи

„Кога нешто како Универзална ќе умре е мртво, ставете спомен плоча и градете на друго место“: Зоран Иванов во улога на „партиски градски архитект“ или „културен гробар“? (ФОТО)

„Кога нешто како Универзална ќе умре е мртво, ставете спомен плоча и градете на друго место“: Зоран Иванов во улога на „партиски градски архитект“ или „културен гробар“? (ФОТО)

Отиде  и Универзална сала. Последното парче душа на Скопје го проголтаа пламените јазици. Македонската лулка на културата насилно замина во историјата. Останаа само спомените. Лични, колективни, од убави – поубави. Ама ќе бидат само спомени со збор. Можеби поткрепени со понекоја фотографија, на некоја изложба или во некоја монографија… и толку!

Арно ама, не е тоа исто. Не можеш на некои идни генерации само да им раскажеш, за да те разберат… Мора тоа да го доживеат, но сега веќе не ќе можат. Не барем засега… А можеа. И да добијата таква шанса, не ќе биде исто. Не е веќе тоа истото место, истиот амбиент, истиот оној мирис на уметноста, на штиците од сцената што на уметниците од било кој тип живот им значеле цели 50 и кусур години. Не никако не е исто, освен само локациски… А како тргнале и тоа што остана и врз кое треба да се гради новото, сакаат да го нема.

Се што допреа – пеплосаа, а она што од пепелта остана и врз него треба да никне новото како Феникс, сакаат да го однесат на буниште. Оти така им чини, зашто интересот е галиба поинаков?

И додека скопјани, и не само тие туку цела Македонија, а и регионот тагува по симболот на Скопје кој исчезна во пламените јазици, еден од дежурните СДС-мовски аналитичари, кој во својата кариера и бил дел од власта, како да ликува што Универзална повеќе ја нема!?

Небаре е гробар, а Универзална покојник,  Зоран Иванов – дежурниот цивил(ен) аналитичар на СДС со свој став на социјалните мрежи, кој е оддамна добро познат, зашто не е само негов.

„Кога  нешто како Универзална ќе умре, умрено е, мртво, не го мачете просторот, ставете спомен плоча и градете на друго место!“ – порачува „владиниот архитект на заговорот за нова градежна маркица“ на култниот простор во срцето на Скопје.

Збровите новоискажани, ама ставот стар, добро познат. Истиот оној на екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој го делеше истото мислење со Иванов, во времето кога беше во дилема што да прави со Универзална, па умот, а и желбите му беа сосема да ја урне.

Да ја срамни со земја, да ја нема и на нејзино место наводно да никне некаков си парк со летна сцена?!! Или во превод – нова градежна маркица, добредојдена за градежната мафија и секако некому за нови проценти!

Ако ја урнат „Универзална сала“, СДСМ и Петре Шилегов ќе бидат новите варвари на 21-от век!?

За среќа, јавноста и јавните личности (со исклучок на поединци) тогаш се кренаа на нозе, па Шилегов се откажа од „варварските намери“ да го руши симболот на  хуманоста и уметноста на македонската престолнина.

Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите

Четири години подоцна , Шилегов веќе го нема во градоначалничката фотелја, ама затоа неговите уривачки идеи се одново тука… Повампирени! Овој пат од устата на дежурните СДС-мовски советодавачи како Зоран Иванов. Универзална да се урне до темел и да се гради нова сала, на нова локација?

Интересно… А можеби  затоа и „случајно“ низ Скопје и скопските кулоари кружат приказни за некаква 24 катница што треба да никне карши „Апче“  и „Силбо“? Па уште инвеститорот дека ќе бил доблесен, па и црква на паркингот ќе изградел?

Можеби во желбата и намерата може, ама како стои расположението, а и гневот на народот, тешко дека ќе стигне во истата да се прекрсти?

Фото:  Facebook/Zoran Ivanov/YouTube -„Само вистина“ – принтскрин

To top