ТВ водителката Милена Антовска – Станковска (37) со години важи за една од најубавите македонски водителки.
Во бракот со сопругот Гордан таа роди две деца – ќерките Лана Марија и Јоана и зачекори кон петтата деценија од животот.
Сега според фотографиите и видеата кои ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм каде што е доста активна, Милена одлучила да се одмори и да замине на море.
Од пејсажот што го уловила со камерата се гледа дека се релаксира во еден ресорт каде што има многу активности, забава и пријатна сенка.
Во едно од видеото додека позираше во костимот за капење кажа дека на никого од останатите не му е досадно, зашто изборот е тенис, кошарка, стрелаштво, детско игралиште ….
Потоа го сврте акцентот кон себе и покажа за што се одлучила таа. А нејзината опција за занимација беше единствено да лежи и да одмара бидејќи како што кажа самата, се’ друго и е тешко, зашто ептен и е жешко.
Таа го испружила своето прекрасно тело во бикини на жешкото сонце, а обожавателите дефинитивно без поговор го пофалија нејзиниот избор.
фото: print Screen/ Instagram/milena_antovska