Радио Милева возбудлива теретана

Кога Ана Стојанова крева, на другите сами им паѓаат теговите: Загледани во ваква секси типка во рацете им останува само „гола“ шипка (ВИДЕО)

Кога Ана Стојанова крева, на другите сами им паѓаат теговите: Загледани во ваква секси типка во рацете им останува само „гола“ шипка (ВИДЕО)

Македонската фитнес инструкторка Ана Стојанова никако не мирува, па се здаде повторно во акција. Зимата каде и да е ќе помине, па идат потопли денови, а со нив и летото , годишно време кога треба да го покажеш и телото.

Ама ако си за никаде, зашто преку зима си се поправил до непрепознатливост, пусти срам „ќе те изеде“ да се соблечеш и на плажа, а камо ли некој друг да треба да те соблече.

За да не биде така,  атрактивната инструкторка и мотиватор за здрав живот има нова лекција за „кроење убавина“ по ваша мерка. Како да се преобразите во секси ѕверка без телесна мана, ќе ви каже  Ана во нејзината нова програма која е како од земја изникната. Впрочем, како и разголената инструкторка, која има ваква порака:

„Ако сакаш да направиш тело што не мора да го собираш со мидери, мора малку да се помачиш и да се фатиш за работа“!

А таа прва се фати за работа смело, за да покаже како се прави бомба тело  и без што не се може за телесната убавина да ви  изгледа како излиена!

Меѓу сето останато, тајната на Ана лежи во теретана. А таму атрактивната фитнес инструкторка со показна вежба како треба ги покани сите мачки да се фатат за металните прачки со тегови и да почнат да тренираат и креваат тежина.

А инструкторката свртена со погледот кон огледалото, онака поднаведната со напрчена задница кон теретаната, предизвикувајќи „визуелна свежина“ во очите на присутните ги собра сите погледи на себе, додека ја креваше пропишаната тежина.

Само кога Ана Стојанов крева, оние кои ќе се затекнат во теретаната во истиот период со неа тој ден,  имаат проблем. И тоа голем…  На останатите атлети, професионалци или рекреативци сеедно, заради разбрануваната игра на сетилата, теговите сами им паѓаат од возбуда… Загледани во ваква секси типка во рацете им останува само „гола“ шипка!

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

 
To top