Ријалити ѕвездата Ким Кардашјан во вторникот на судењето за грабежoт во хотел во Париз во 2016 година, изјави дека била „убедена“ дека сторителите ќе ја „застрелат“, „ќе ја силуваат“ и дека е „готово“, изјави таа пред поротата во Париз.
Десетмината осомничени се појавија пред судот во Париз во понеделникот поради грабежот во кој од ѕвезда на ријалити-шоуата беше украден накит во вредност од околу 10 милиони долари за време на Париската седмица на модата во октомври 2016 година.
„Бев сигурна дека ќе умрам таа ноќ“, рече 44-годишната жена, плачејќи додека раскажуваше како ги молела напаѓачите да ѝ го поштедат животот.
„Реков: ‘Можете да земете сè, но морам да си одам дома. Имам бебиња, ве молам“, раскажа Ким Кардашјан на англиски со француски превод.
Пред да ја врзат и да ѝ ја затворат устата, еден од напаѓачите се наведнал над неа и рекол: „Пст и добро си“, рекла таа.
„Размислував како сестра ми ќе се врати и ќе го пронајде моето тело“, додаде таа.
„Дали мислевте дека ќе умрете, госпоѓо?“ праша претседавачкиот на Поротниот суд, Давид де Пас.
„Апсолутно, мислев дека ќе умрам“, одговори Кардашјан.
Деветте мажи и една жена на кои им се суди моментално не се во притвор.
Ова е најголемата кражба врз приватно лице во Франција во последните 20 години, а единствениот предмет што е пронајден е дијамантски ѓердан испуштен на улицата додека крадците бегале.
Истражителите веруваат дека ограбеното злато било претопено и дека голем дел од украдениот плен бил продаден во Белгија.
Се очекува судењето да трае до 23 мај.
фото:Instagram printscreen/kimkardashian