Радио Милева правно образование

Ким Кардашијан ja доби дипломата по 6 години: Светски познатата ријалити ѕвезда не студирала право, но е на чекор од добивање адвокатска лиценца

Ким Кардашијан ja доби дипломата по 6 години: Светски познатата ријалити ѕвезда не студирала право, но е на чекор од добивање адвокатска лиценца

Ријалити ѕвездата, претприемачка и активистка Ким Кардашијан во среда објави дека официјално дипломирала на правната програма по шест години. Таа не дипломирала на правен факултет и нема академска диплома по право. Таа користи алтернативен, но целосно легален пат до адвокатска лиценца наречена „читање право“, кој трае четири години.

Нејзината сестра Клои Кардашијан сподели фотографии на Инстаграм од приватната церемонија по повод дипломирањето. Меѓу говорниците беа политичкиот коментатор на CNN Ван Џонс, кој беше еден од менторите на Ким, како и самата славеничка.

„Сите бевте со мене на ова патување“, рече Ким во својот говор. „Сè започна со Ван и мене.“

Ким Кардашијан изјави дека била шокирана од состојбата на американскиот правен систем кога го започнала своето образование. Таа донела одлука да продолжи со правниот факултет во 2019 година, инспирирана од нејзината желба да се бори за реформа на затворите. Иако никогаш не дипломирала на колеџ, законот во Калифорнија дозволува диплома по право да се стекне преку пракса и менторство, процес познат како „читање право“, без посетување традиционален правен факултет.

Во март оваа година, ! News објави дека Ким го положила испитот за професионална одговорност на повеќе држави (MPRE), еден од предусловите за полагање на правосудниот испит во Калифорнија. Адвокатката Џесика Џексон, која беше една од главните ментори на Ким во текот на нејзините шест години, забележа дека познатата мајка на четири деца учела 18 часа неделно, 48 недели годишно, што е повеќе од 5.000 часа правно образование.

— Тааучеше додека ги растеше децата, водеше бизниси, снимаше емисии и одеше во судници за да им помага на другите — рече Џексон. Ван Џонс во својот говор забележа дека Ким ги започнала студиите во тешко време, „кога не било модерно ниту популарно“.

foto: print Screen/Instagram

To top