Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ денеска слави роденден.
Таа се огласи на социјалните мрежи за да ги покаже прекрасните подароци што ги доби за нејзиниот посебен ден.
Роденденката доби огромен букет црвени рози, големо плишано мече со срце, а наоколу имаше балони.

Сепак, она што на сите најмногу им паднало во очи е кутијата со луксузен накит која била меѓу подароците.

Иако на адресата на Митровиќ пристигнаа многу цвеќиња, таа покажа скапо парче накит што особено го привлече вниманието на сите.

Станува збор за дијамантска нараквица вредна околу 72.000 евра.
Да потсетиме, на социјалните мрежи се огласи и Жељко Митровиќ кој објави фотографија од својата ќерка и со емотивни зборови ѝ честиташе роденден.
– Денеска е „Денот на вљубените“ но многу поважно е што мојата Кристина наполни 25 години денес, во 2025 година! Среќен роденден љубов, напиша тој, а под објавата следуваа честитки.
View this post on Instagram
Foto: sixchick / Instagram







