Радио Милева згодница

Ќерката на Панчеви е риба ипол: Марија со поза пред огледало во стајлинг со голо стомаче и блузичка која не трпи градник (фото)

Ќерката на Панчеви е риба ипол: Марија со поза пред огледало во стајлинг со голо стомаче и блузичка која не трпи градник (фото)

Марија Панчева е девојката за чии модни ангажмани се почесто читаме и ја гледаме во домашните медиуми. Марија е вистинска убавица со идеални манекенски пропорции и е гордост на мама и тато, познатата брачна двојка Маја и Дарко Панчеви.

Висока со витко тело, долги нозе, тенок струк, полни усни, крупни очи, Марија Панчева, втората љубов на Маја и Дарко Панчеви е совршен микс од гените на мама и тато.

Специфична убавина, автентична и поразлична од се’ она што денешното модерно време го пласира и истакнува кога женската убавина е во прашање.

Убавата Марија преку социјалните мрежи не ретко практикува да сподели за она  што е тековно ангажирана, а овој пат за промена сподели една приватна фотографија од секојдневието со селфи пред огледало од бањата и тоа во провокативен стајлинг.

Дводелниот беж транспарентен комплет ги откри нејзините атрбути, голото стомаче, тенкиот струк и витките долги нозе. Краткиот топ немаше простор за градник, а Марија тоа вешто и дискретно го презентираше.

Инаку, Марија неодамна стана дел од модна агенција од Милано, која има претставништво и во Скопје.

Таа веќе е влезена во кругот и букингот за модели кои престижните светски и италијански модни брендови би можеле да ја ангажираат за своите ревии.

фото:facebook/ Марија П./ Instagram printscreen/ marijapancheva

To top