Родителите се особено горди кога наследниците покажуваат одреден успех, а мајките се посебно емотивни, па знаат да пуштат и по некоја солза во таков момент.
Гордоста е до плафон кога постои одреден талент кај децата, а истиот е пренесен во наследство. Таков е случајот кај фолк пејачката Елена Велевска која е горда мајка на три деца, а засега музичкиот талент во пеење го покажа нејзината прва ќерка Софија.
И претходно беше познато дека Софија е вокално надарена, но како минува времето, таа расте, а зрее и нејзиниот глас кој станува се подобар и музички школуван.
Дека Софија се надградува и цели кон патот на уметноста од талентот наследен од мама, покажува најновото видео со кое Елена се пофали на својот Инстаграм.
Софија ја пее „Ако згрешам, нека изгорем“ од Пепи Бафтировски и звучи вака:
Софија пее како славеј, а Елена во една прилика кажа дека наследничка е поталентирана од неа:
„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе. Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години. Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен момент да го насочам кон неа, бидејќи навистина вреди да се инвестира во децата, иднината ја гледам во нив“ – изјави своевремено пејачката.
За потсетување, Велевска од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески ги има најголемата Софија, синот Марко и најмалата Калија.
По бурниот развод, таа се врати да живее во Прилеп, додека судот одлучи децата да останат кај нивниот татко во Охрид.
фото:Instagram printscreen/ evelevska