Радио Милева на одмор

Кејт Мидлтон отпатува со своите деца и принцот Вилијам од Велика Британија (фото)

Кејт Мидлтон отпатува со своите деца и принцот Вилијам од Велика Британија (фото)

Кејт Мидлтон минатата недела објави дека е во ремисија од рак, а новите детали за принцезата од Велс покажуваат дека нејзиното закрепнување оди добро.

Сопругата на принцот од Велс сега се појави во јавноста, далеку од Велика Британија.

Кејт Мидлтон ужива на одмор на Алпите со своите деца Шарлот, Џорџ и Луис и принцот Вилијам.

Тие го напуштија својот имот во Норфолк веднаш по Божиќ и се упатија кон оваа дестинација.

Двојката и нивните деца беа забележани како уживаат во утринските топли пијалаци во ресторанот на планината, кој е популарна станица за британските скијачи и има панорамски поглед на врвовите покриени со снег.

Подоцна се вратиле на ручек во истиот ресторан.

-Беше убаво да се види Кејт како се релаксира и ужива. Изгледаа како нормално англиско семејство и многу луѓе не ги препознаваа. Не е првпат да ги видиме. Тие доаѓаат овде со години. Мислам дека тие ја сакаат областа, изјавил изворот.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа на Алпите на почетокот на нивната врска, а со нив беа и кралот Чарлс Втори и принцот Хари.

фото: printscreen/instgram

To top