Јавноста се повеќе е љубопитна за здравствената состојба на принцезата од Велс Кејт Мидлтон. Таа не ги извршува своите кралски активности, но папараците одвреме навреме знаат да ја забележат во јавност.
Кејт Мидлтон беше придружувана од сопругот и најстариот син Џорџ, а парот на службата пристигна со црн џип управуван од принцот Вилијам. Кралот Чарлс и кралицата Камила, како и војводата и војвотката од Единбург со нивниот син и Тим Лоренс, сопругот на принцезата Ана, биле забележани во други автомобили.
Овој пат, Кејт беше добро расположена, а според сите оценки се чувствува добро и полека закрепнува, со оглед на тоа што ова и е трето појавување во јавност од јуни наваму.
Прославената Британка веќе направи пресврт кон есенските модни изданија, бидејќи во Шкотска носеше нешто попригушени бои и подебели ткаенини. Принцезата носеше темно кафеава волнена капа со пердуви, како и беж капут со тартан дезен, со што ја почитуваше шкотската традиција. Изгледот го комплетираше со ефективни, висечки обетки.
View this post on Instagram
Интересно е што минатата година во истата прилика ја носеше потполно истата модна комбинација, со тоа што сега ја имаше пуштено косата, додека тогаш носеше комплицирана, елегантна пунџа.
Ваквите капи, инспирирани од ловечкиот стил, често ги избира принцезата, а токму оваа е креација на брендот „Hicks & Brown“, неговата цена е 99 фунти и ја има во различни нијанси.
фото:Instagram printscreen/ fanroyalfamily
•