Џенифер Лопез поднела барање за развод без адвокат и тоа на денот на нивната годишнина од бракот, 20 август.
Во документите е наведено дека двете страни се должни да ги споделат финансиските информации, вклучително моменталните приходи, трошоците, имотот и долговите.
Медиумите напомнуваат дека се работи за развод вреден 640 милиони долари, колку што е проценет заедничкиот имот на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Сепак, не е познато дали сите пари се предмет на поделба.
Парот наводно немал предбрачен договор, поради што целата заработка која ја оствариле во текот на двете години брак била класифицирана како „заеднички имот“.
View this post on Instagram
Една од главните работи за кои Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе мора да се договорат е куќата на Беверли Хилс вредна 60,85 милиони долари која ја купија минатата година. Наскоро поранешните сопружници ја огласија на продажба куќата со 12 спални и 24 бањи за 65 милиони долари во јуни, а неодамна ја вратија повторно на пазарот по реновирањето и сега за неа бараат 68 милиони долари.
Вилата се простира на 3.500 квадратни метри, а сметката за данок на имот може да влијае на зголемената цена, бидејќи Калифорнија ги оданочува домовите што се продаваат за најмалку 10 милиони долари за 5,5 отсто, објави „TMZ“ минатиот месец.
View this post on Instagram
Афлек се иселил од својот дом во Беверли Хилс и купил вила во Пацифик Палисадес за 20,5 милиони долари.
На Џенифер Лопез ова ѝ беше четврти брак, а на Бен втор и во сите имале предбрачен договор, освен овој. Очигледно мислеле дека овој пат е за целиот живот.
Сепак, според документите, Џенифер се откажала од брачната издршка и бара од судијата да му ја одбие таквата поддршка на Бен.
Да потсетиме, Џеј Ло официјално поднела барање за развод од Бен Афлек, по што се појави нејзината папарацо фотографија на која е тажна и видно скршена.
фото:Instagram/ You Tube printscreen/ jlo