Радио Милева дебел хонорар

Касандра за само една епизода во „Играта на судбината“  платена колку еден стан во Белград  (фото) 

Касандра за само една епизода во „Играта на судбината“  платена колку еден стан во Белград  (фото) 

Актерката Кораима Торес (51), која во 90-те години на минатиот век ја маѓепса српската публика во серијата „Касандра“, неодамна престојуваше во Белград три дена, поради ангажман во домашна серија.

По тој повод таа ги сподели впечатоците од српската престолнина, проба ќебапи и времето го помина во кафана.

Латиноамериканската ѕвезда се приклучи на актерската екипа на серијата „Игра на судбината“.

Иако пред неколку месеци се зборуваше дека славната Касандра ќе се појави во третиот дел од „Јужен ветер“, се покажа дека таа го прифатила учеството во најдолготрајната домашна теленовела.

Како што дознава Мондо од добро упатен извор, нејзиниот престој во Србија и гостувањето по епизода од серијата ја чинело продукцијата 30.000 евра. Ако се земе предвид дека најниската цена на гарсоњера е околу 40.000 евра, јасно е дека малку недостасува, за да може со висината на нејзиниот хонорар да се купи стан во главниот град.

фото: printscreen/instagram

To top