Каролина Гочева пред повеќе од месец дена го издаде синглот „Мог живота дио“, а откако се најде на сите музички платформи, македонската поп- ѕвезда тргна во промоција на песната како кај соседите, така и дома.
View this post on Instagram
Карол, како што блиските милуваат да ја ословуваат, беше гостинка на неколку емисии, а секаде за разлика од вообичаено „разврза јазик“ за приватноста повеќе од вообичаено, овој пат пред камера во “Фидбек со Елена” спомена и дека е права домаќинка која не пропушта ни ден без готвење.
View this post on Instagram
-Готвам многу исто, тоа ми остана навика после карантините што ги имавме за време на ковидот. Нели сите разменувавме рецепти, сите почнавме здраво да се храниме, сите бевме дома цело време. Да, тоа ми стана навика и веќе многу ретко се случува, речиси никогаш не нарачувам храна што ми беше претходно, нешто што го правев почесто, могу почесто, кажа Каролина за својата нова страст и уживањето во зготвените оброци.
Во речиси едночасовниот разговор, водителката и гостинката имаа доста тоа да си помуабетат, а Каролина онака опуштена раскажа моменти од детството, па се до она што не сме го знаеле за неа досега.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva







