Радио Милева засега нема кандидат

Карлеуша свесна и самокритична за тоа каква е во врска: „Ова моето не е љубомора, туку болест“ (фото)

Карлеуша свесна и самокритична за тоа каква е во врска: „Ова моето не е љубомора, туку болест“ (фото)

Јелена Карлеуша откри дека е повеќе од љубоморна во љубовните врски, па често му се заканува на партнерот со убиство.

– Не би го нарекла љубомора, туку болест. Јас сум болна од љубомора, како што сум болна од љубов. Немам мерка во ништо. Кога ќе бидам љубоморна, веројатно ќе ти се заканам дека ќе те убијам. Јас те сакам толку многу што си давам за право да ти се заканувам со убиство. Јас сум екстремна во секоја смисла. Превентивно се заканувам. Неколку пати ѝ го направив животот пекол на личност која не беше ниту виновна, ниту одговорна – открила Јелена, па додала какви мажи ја привлекуваат:

– На прв поглед би реклa дека мојот тип на маж е русокос со сини очи. Кога разговарам со мојата пријателка Софија Милошевиќ, велам дека ако имала машка верзија од себе или ако имала брат близнак или ако твојот син пораснал, тоа е тоа. Ќе бев со тебе да беше маж. Секогаш се случува нешто друго да е параметарот на она што го гледам кај мажот. Важен параметар е и сексот. Ако не му успее, сината коса и очи му се за џабе… Добар дечко, надарен, млад, убав, згоден, мускулест, полн како кајче. Најчесто ме бркаа деца, од ден на ден. Просечната возраст на тие што ми пишуваат во ДМ не надминува 22-23 години. Мене ми е смешно, затоа што знам што сакаат само овие деца, бидејќи она што го гледаат на мојот Инстаграм е експлицитна верзија од мене во сценски костими што ја буди фантазијата – изјави Карлеуша во подкастот „Сестринство“.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top