Поп дивата Јелена Карлеуша веќе извесно време е лишена од употребата на својот Инстаграм профил каде имаше милиони следбеници, а токму поради тоа сега не може да делува навремено.
Како што вели во своето најново обраќање на Фејсбук, Карлеуша наведува дека здруженијата за животни кои години наназад ја добиваат преку комуникација на Инстаграм, сега поади тоа што не е активна, не ја добиваат навреме, а тоа може да чини по животот на некое загрозено животно.
-Откако мојот Инстаграм беше затворен, засолништата и здруженијата за заштита и помош на животните во Србија немаа начин да ме контактираат и да ме известат кога ќе им треба нешто. Тоа го прават со години преку Инстаграм. Сите љубители на животни кои ја следат мојата работа на оваа тема, кои знаат за што зборувам, нека ги пријават сите проблеми што ќе ги видат ТУКА. Затоа ќе ве контактирам.
(Само што платив пари за оваа мала женка Доротеа која беше запалена, но се плашам дека бев предоцна информирана, се надевам дека ќе преживее)
Пријавете тука и навреме, порача Јелена.
Нејзината порака дека во секое време е тука за да им помогне на животните кои неизмерно ги сака, беше и повеќе од јасна, а за тоа дека досега многупати помогнала и направила големи дела е добро познато.
фото:Facebook/ Jelena Karleusa