Љубов и секс

Карактеристики на верен маж кој ќе ве сака цел живот

Карактеристики на верен маж кој ќе ве сака цел живот

Дали постои формула по која може да го препознаете верниот и посветен маж?

Можеби конкретна формула немаме, но сепак одредени карактеристики и особини укажуваат на тоа дека пред вас имате маж кој нема да ве изневери во било кој поглед:

1. Ги почитува жените

Мажите кои имаат почит кон жените, не ги третираат како објекти.

2. Емоционално е интелигентен

Емоционалната зрелост и интелигенција игра голема улога во тоа дали е предодреден да биде верен или не.

3. Ги исполнува ветувањата

Личноста со интегритет, својата посветеност ја покажува преку она што го прави, а не она што го зборува.

4. Не бара постојано внимание

Мажот кој е очаен за внимание не е симпатичен, ниту сладок. Напротив, подоцна може да доведе до сериозни тензии и проблеми.

5. Сигурен е во себе

Несигурноста и желбата за постојано внимание одат рака под рака. Ако мажот е сигурен, лесно ги признава своите слабости, без притоа да се плаши дека ќе си го повреди егото.

6. Благодарен е

Човекот кој го цени она што го има стекнато во животот е исполнет и нема проблем со верноста, бидејќи не е во постојана потрага по нешто ново.

7. Знае да комуницира

Наместо да ги игнорира проблемите, верниот маж преферира отворена комуникација, дури и кога треба да каже работи кои нема да ѝ се допаднат на спротивната страна.

фото:Freepik

To top