Канје Вест (47) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) повторно привлекоа внимание. Имено, тие се снимени за време на заеднички ручек во Лос Анџелес, а нејзиниот аутфит уште еднаш го привлече окото на јавноста.
Бјанка се појави во многу мал градник кој открива голем дел од градите, тесни шорцеви и сандали со високи потпетици.
View this post on Instagram
Бјанка неодамна изненади со стајлингот за време на излет во Париз кога за првпат ја покажа својата розова коса. Бјанка се шеташе низ Париз во полупроѕирно танга боди, а беше јасно видливо дека под тоа не носи долна облека.
Да потсетиме, манекенката и инфлуентерка Микаела Лафуенте (22) неодамна излезе во јавноста со информација дека Канје Вест и испратил порака на Инстаграм каде ја поканил да се дружат и да го преслушаат неговиот нов албум. Микаела е во врска со познатиот тиктокер Брајс Хол, а го осудила раперот за, како што тврди, недолично однесување. Таа истакна дека Канје е многу постар од неа и дека е оженет.
Покрај тоа, вработените во „Yeezy“, сопственост на Канје Вест, го тужеа раперот и неговиот поранешен соработник Мило Јанопулос. Според судските документи до кои дојде ТМЗ, Бјанка наводно испраќала сексуална содржина на вработените откако Канје го објавил започнувањето на неговиот бизнис со филмови за возрасни „Yeezy Porn“.
фото:Instagram printscreen/ the.real.bianca.censori