Како што дознава Канал 5, причината за синоќешното апсење на српскиот турбо-фолк пејач Аца Лукас среде настапот во Кавадарци е тоа што најпрвин локалот бил регистриран како кафетерија, која воопшто немала дозвола за ваков вид концертни настани.

Уште полошо е тоа што максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот во локалот „Рома“ имало 500 гости. Инспекторите на УЈП, ДПИ , Инспекторатот за работа на странци и МВР утврдиле повеќе пропусти.

-Се продавале ваучери за 18.000 денари без фискални сметки
– Влезниците се продавале незаконски од по 1.000 денари
– Аца Лукас имал нерегистриран престој во Македонија и непријавен краткотраен работен ангажман
– Самиот локал немал дозвола за ваков тип музички настани
– Вчеравечер противзаконито требало да се промовира новата криптовалута Лукаскоин.

Според документацијата до која дошол Канал 5 јасно е дека кафетеријата „Рома“ немала никаква дозвола за организирање на настапот на српскиот пејач Аца Лукас.




Канал 5 се обидел да го контактира и сопственикот на кафе „Рома“, но обидите останале безуспешни. Неофицијално, овој случај потсетува на кочански „пулс“ каде што пред осум месеци се одржа концерт во нерегистриран објект и за жал последиците беа трагични.
Извор и фото: Канал 5



