Семејството Џиновиќ се најде во центарот на случувањата кога во јавноста стигна информацијата дека Мелина и Харис се разведуваат по 22 години хармоничен брак.
Покрај Мелина и Харис, многу се зборуваше и пишуваше за нивните деца, синот Кан и ќерката Џина.
Џина е активна на мрежите каде редовно објавува свои слики и видеа, што не е случај со Кан. Тој повремено споделуваше нешто на својот Инстаграм профил во форма на приказни, што тоа го направи и сега.
Имено, младиот Џиновиќ е посветен на спортот, особено на боксот, поради што не ја напушта салата. Кан сега позираше во соблекувалната, без кошула и се пофали со своето тело. Во преден план беа неговите бицепси, додека лицето го криеше под капата.
фото: printskrin/instagram/biznis_brend