Радио Милева дефицит сало, суфицит мускули...

Како тргнал, Наум Петрески наскоро нема да го препознаете: Фолкерот решил да стане… Урко!?

Како тргнал, Наум Петрески наскоро нема да го препознаете: Фолкерот решил да стане… Урко!?

Естрадниот живот навидум е „песна“, ама во пракса и не е баш така. Ноќната работа го зема својот данок, особено кога си во зачаден затворен простор во кој си меѓу луѓе, па уште и 4-5 часа пееш речиси без престан.  Кафеаната од друга страна мами со вкуснао мезе, добра храна, изобилство алкохол и ако си  гурман и мераклија малку повеќе од што е потребно, првото нешто на што ќе ти се одрази ваквиот живот се килограмите. Вишокот лесно се става, ама тешко се симнува, тоа ни е на сите познато. Но, кога еднаш ќе решиш дека е доста, заради здравствени или естетски причини или и двете, почнуваат новите маки, како да се вратиш назад, на старото!

На македонската фолк легенда Наум Петрески овој пат му е добро познат. И ако досега беше само во еден правец, што до скоро се гледаше од приложеното, сега работите тргнале во обратен смер. Враќање на некогашната тежина од маладоста, веројатно со добра причина.

Впрочем, евидентно е дека Наум однеодамна го гледаме видно ослабен, па на прва се гледа дека веќе не е тоа што беше, особено не во пределот околу појасот, но сепак… Пејачот се решил за комплетна трансформација, небаре да се стори манекен, па тргнал во акција.

А, за да направите тело без мана, најдобар пат е вежбањето во теретана.

Така, Наум уште рано наутро, од црни зори решил да се поти и доволно измори, па за да ја одработи зададената тура за да потоа да нема грижа на совест и да не бере гајле, влетал во теретана уште од 7, рано посабајле!

За да не биде меот од градите поразвиен, па изгледот неугледно лош, Наум се фатил за справата за развивање на градниот кош!

Ама не се само градите важни… За топење и јачање на целото тело треба да се фатиш во костец и со теговите и тоа смело. Бицепс, трицепс и останатите мускули на рацете се исто така важни и тоа со добра причина, па затоа Наум се фати и за кревање тегчиња!

И толку засега… Со другите вежби, ќе не запознае во друга прилика, кога теретаната ќе му стане секојдневна навика… Ако веќе и не му станала, зашто  Наум Петрески решил или да стане „слабурко“ или да се направи како домаќинот кај кого вежба, Дејан Митровски – Урко!?

Фото: Инстаграм/urkourko/naumepetreski

 

 

 

 

To top