Мирза Селимовиќ ѝ предложи брак на својата долгогодишна партнерка Јелена Кнежиќ, а за неа се знае малку. Пејачот не сака да го открива својот приватен живот, па затоа ретко ги објавува нивните заеднички моменти.
Многумина беа изненадени кога Мирза Селимовиќ рече дека е свршен, а сега откри дека не сака да објавува сè што му се случува надвор од работата на интернет и љубоморно го чува за себе.

– Се свршив, но не го објавив јавно тоа и не ги фотографирав прстенот и букетот цвеќе. Ние ја чуваме нашата среќа за себе, отсекогаш сме ја гледале така – рече тој претходно.

Она што особено го привлече пејачот кај Јелена беше фактот што таа не знаеше кој е тој кога се запознале. А нивната средба се одржала во Нови Сад.
– Тоа ми беше фасцинантно. Јас сум од друга земја. Таа година кога победив, таа не го следеше натпреварот. Јас ѝ пристапив, цел важен и тргнав во освојување, а таа ми рече: „Зарем треба да знам кој си ти?“. Тоа ми беше многу привлечно и така останавме до ден-денес. Заедно сме единаесет години – раскажал Селимовиќ.
Foto: printscreen/Instagramimirzaselimovic



