Живот и стил

Како да не ве боли глава кога пиете црвено вино?

Како да не ве боли глава кога пиете црвено вино?

Љубителите на црвеното вино добро ја знаат главоболката од мамурлакот следниот ден.

 

Сега веќе стана јасно зошто е толку силно. Досега за главоболката беа обвинувани претежно сулфитите. Тие сепак се покажаа невини, иако понекогаш може да предизвикаат астма.

 

Трите главни виновници за „винската главоболка“ се танините, хистаминот и шеќерот.

 

Д-р Сијмур Диамонд препорачува, пред да започнете со виното да испиете две чаши кафе. Кофеинот ги стеснува крвните садови и тоа го намалува ефектот од виното.

 

Друг виновник за главоболката од виното е шеќерот. При мешање на алкохол и шеќер телото има потреба од многу вода за да ги обработи. Значи, ако човек дехидрира главоболката е загарантирана. Затоа за секоја чаша вино, треба да се пие и чаша вода.

 

Третиот виновник се хистамините – хемикалии, ослободени при алергиска реакција. Тие предизвикуваат настинка, суви очи или главоболка. Некои најзаслужни храна и пијалоци, како вината, можат да предизвикаат ослободување на хистамин и слични на алергија симптоми. Црвените вина обично содржат повеќе хистамин од белите и шампањот. Против реакцијата против хистамин помага хипоалергичен лек.

 

Најважниот совет против „винска главоболка“ е човек да пие мудро и да избира внимателно што пие. Сувите вина поретко предизвикуваат главоболка од десертните. Добро е човек да пие и побавно, а при интолеранција да го избере белото вино.

foto: FreePick

Извор: Попара

To top