Радио Милева бројни комплименти

Каја Остојиќ се поти во теретана: Пејачката го покажа своето згодно тело

Каја Остојиќ се поти во теретана: Пејачката го покажа своето згодно тело

Пејачката Каја Остојиќ (41) редовно тренира и се храни здраво, а сега се фотографираше во теретана. Имено, Каја ги покажа своите мускули во тесни хеланки и краток топ, па нејзините облини беа во преден план. Бидејќи тренингот беше очигледно напорен, Остојиќ се потеше, но немаше проблем да го сподели тоа со своите следбеници на Инстаграм.

Во оваа прилика, таа го покажа своето лице без ни трошка шминка, а често добива и бројни комплименти за својот изглед.

 

– Опседната сум со вишокот килограми што ги изгубив, се обидував, се изгладнував. Имав многу фази каде што бев несигурна. Кога бев дете бев буцкаста, тоа ме прогонуваше во текот на целиот живот. Потоа почнав да се сакам себеси. После тоа родив дете на 19 години, во тоа време не бев задоволна со моите гради. Го променив тоа заради моето ментално здравје. Не се двоумев да направам неколку работи со себе, на крајот сфатив дека сè доаѓа од душата – рече Каја во емисијата „Магазин Ин“.

Foto: print Screen/Instagram

To top