Каја Остојиќ ја реализираше улогата на мајка на само 19 години, кога се соочи со големите предизвици кои следеа по разделбата со тогашниот сопруг.
Пејачката откри дека и покрај тешките моменти никогаш не зажалила што рано станала мајка бидејќи нејзината ќерка е нејзината најголема гордост.
Сепак, таа признава дека посакува да промени една работа од тој период.
View this post on Instagram
– Беше предизвик. Имав малку среќа што многу работи ми се искристализираа, па можев да имам дадилка која живееше со мене. Без разлика колку раното мајчинство ми го отежна деловниот пат, во исто време ми беше ветер во грб да направам што е можно повеќе и да се борам за таа да живее подобро, бидејќи не е исто кога се бориш за себе и своето дете – објаснува пејачката и додава:
View this post on Instagram
-Би сменила неколку клучни моменти, но тоа значи дека мојата ќерка не би била таму. Посакувам малку подобро да го избрав нејзиниот татко, жалам за тоа од оваа перспектива. Ако одлучам повторно да имам дете, би размислила и би дала повеќе време на одлуката да изберам татко за моето дете – изјави неодамна во емисијата „Без филтер со Сара Миа“.
фото:Instagram printscreen/ kaya_ostojic