Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, неодамна доби трет син со сопругата Богдана, на кој и го дал библиското име Исаија.
Исаија е машко име кое потекнува од древниот хебрејски збор „јашаја“ што значи „Бог е спасение“. Други форми на ова име се Исаија, Исаило, Исајло и Исвија.
Третиот наследник на Ражнатовиќ е роден на 14 мај 2024 година и ќе се крсти, како што може да се заклучи од новата објава на Вељко Ражнатовиќ, на Видовдан годинава. За момчето подготвиле и посебен подарок, рачно насликана икона на Милош Обилиќ кој го уби Мурат.
Сепак, ова ремек дело сè уште не е готово, но поголемиот дел е насликан, што може да се види во објавата на таткото.
– Незавршено ремек дело од неговиот брат Исаија за крштевка на Видовдан – напиша боксерот Вељко Ражнатовиќ, а по свадбата на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ која се одржа на 28 мај, се чини дека во семејството се подготвува уште една прослава.
фото:Instagram printscreen/ veljkoraznatovic/ cecaraznatovic/ bogdanaraznatoviiic