ТВ водителката и нумеролог, Драгица Стефковска Дракче периодов искусува голем животен предизвик поврзан со нејзиното здравје, период на измешани чувства на лошо и добро, ама најважно залиени со позитивна енергија и надеж за подобро денес, па и утре.
Годините се богатство од искуства, спомени и животни лекции, а Дракче и незнините најблиски деновиве имаа два убави поводи за да се радуваат на животот и да наздрават за два значајни јубилеи, два родендени – 60 годишниот роденден на Дракче и 40 годишниот на нејзината првородена ќерка Ане.

Роденден, особено со вака значајна бројка не бидува без торта, а торти имаше за двете.
-Од Господ си побарав да ме крепи здравјето и сите да ми се живи и здрави.
На вас драги фб.пријатели и роднини Ви заблагодарувам за многу бројните честитки и убави желбии да сте ми живи и здрави Бог да ве чува од лошо. Ве сакааааам- порача и си посака шармантната Дракче.

Не се штедеше на позитивната мисла и искрените честитки за нејзината прва љубов, првото чедо, ќерката Ане која три дена пред мајка си прослави роденден. Симболично за 40-тата, славеничката позираше пред тортата.
-Денес ни е среќен ден среќен ден ,на нашата Ане роденденден роденден,Да живее ,да живее и среќна да ни биде.. СТЕЌЕН 40 РОДЕНДЕН наша прва радост, и напиша мама.

Инаку, Драгица Стефковска Дракче од бракот со познатиот пејач на патриотски песни Орце Стевковски има две ќерки и е среќна и исполнета баба на пет внучиња.
фото: Fecebook/Dragica Stevkovska Drakce







