Познатата македонска двојка, Маја и Дарко Панчеви, заедно се повеќе од две децении и во својот живот се горди и среќни родители на две ќерки, Надица и Марија.
Поп пејачката и хористка на МОБ и нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“ се меѓу семејствата од познатите кои имаат матурант годинава, овој пат искусни со втора матурантка по ред, односно помалата ќерка Марија.
Нивната принцеза Марија израсна во голема девојка која стана полнолетна, стигна до матура и е на прагот на една нова животна етапа.
А разбирливо најсреќни и најгорди на своето чедо се родителите на кои им поминува низ глава, кога ли толку брзо порасна нивното малечко.
Мама Маја на социјалните мрежи се пофали со својата убава матурантка и посака многу среќа и успеси понатаму, а коментарите со честитки, дополнети со тоа дека Марија е вистинска убавица се редеа до недоглед.
Очи како срна и лик кој не се заборава кога еднаш ќе се види. За убавицата на Панчеви сме пишувале и претходно кога таа се впушти во манекенските води, а често беше и модел на познати брендови за гардероба. Нејзините модни ангажмани започнаа уште од 2019 година позираше како модел за неколку познати етикети, а ги красеше и страниците од списанијата.
Каква ќе биде нејзината одлука кон идината и каде ќе се насочи кога образованието е во прашање, останува да видме што наследничката ќе избере и по кој пат ќе тргне.
Честитки и среќно!
фото: Facebook/ Maja Grozdanovska Pancheva