Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ реши да ја изненади својата сопруга Јелена со емотивни стихови во пресрет на нивната 10-годишнина од бракот.
Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се заедно уште од средношколските денови, а парот често споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
Новак на својот Инстаграм профил сега објави слики од Јелена и него со песната „Islands in the Stream“, а во објавата меѓу другото напиша: „Десет години радост, десет години соништа, десет години како острови, десет години како потоци, десет години како родители“.
View this post on Instagram
Новак во видеото составил бројни заеднички фотографии и видеа кои биле направени за време на нивната врска и брак и на тој начин покажа како изгледале на почетокот на врската.
Новак и Јелена се венчаа во Црна Гора, на празникот Свети Стефан во 2014 година и ги имаат десетгодишниот син Стефан и седумгодишната ќерка Тара.
фото:Instagram printscreen/ djokernole
and
jelenadjokovicndf