Мики Јовановски Џафер, македонски рок музичар и еден од најпознатите македонски пејачи својот јубилеј – 50 години музичка кариера ќе го одбележи со концерт во „Јавна соба“ во Скопје.
Концертот ќе се одржина 13-ти април со почеток од 21 часот. Билетите можете да ги набавите преку www.drugastrana.mk по цена од 550 денари.
Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др.
Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика.
„Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, „Џоле бре гол“ и легендарната „Сонце за три света“… меѓудругите негови песни се потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката.