Вереникот на водителката Јована Јеремиќ, сопственикот на познатиот ланец пекари Драган Станковиќ, стана дедо.
Синот на Драган, Милош, ја доби најубавата животна улога – стана татко на момче, што донесе голема радост во нивното семејство.
По овој повод, се огласи и Јована Јеремиќ, истакнувајќи дека стана најмладата баба во историјата на Србија.
„Со голема радост ја примив оваа вест. Јас сум супербаба. Јас велам ‘прво баба, па мајка’. Прекрасно е кога семејството се шири. Толку сум среќна, нема посреќна личност од мене денес. Јас сум навистина најмладата баба во историјата на Србија. Штом ги завршам обврските, се враќам на славењето. Во интимна атмосфера ќе ја прославиме радосната вест. Малиот е како меченце“, изјавила водителката за „Телеграф“.
Да потсетиме, водителката веќе подолго време ужива во хармонична врска со 15 години постариот Драган Станковиќ, а со неговите синови, Милош и Михајло, има одлични односи.
Како што и претходно беше пишувано, наследниците на Драган ја прифатиле и сите заедно станале едно големо и сложно семејство.
фото: print Screen/Instagram