Промотер

Јоце Панов на летните горештини со песна ве повикува – „Ајмо на море“ (ВИДЕО)

Јоце Панов на летните горештини со песна ве повикува – „Ајмо на море“ (ВИДЕО)

Откако го прослави својот јубилеј по повод 25 години активно присуство на музичката сцена со гламурозен концерт во Македонската Филхармонија, Јоце Панов, сними нова песна.

„Ајмо на море“ е реализирана на српски јазик во соработка со проверениот регионален хитмејкер, Бане Опачиќ кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот е на Алек Алексов.

На изненадување на публиката главен лик во спотот е неговиот петгодишен син Лука, кој очигледно не само што талентот за музика го наследил од Јоце, очигледно одлично се снаоѓа и во глумата.

Букет со цвеќе, манири на кавалер и фраер од мали нозе е она што го покажа Лука заедно со Елена Вукановска, македонската ориентална танчерка со меѓународна кариера.

Спотот е реализиран од видео продукцијата “Генерал филм студио“ на Дарио Јанковиќ, во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во најновото аудиовизуелно доживување насловено „Ајмо на море“ на Јоце Панов проследете во видеото во продолжение…

To top