Познатиот фолк пејач Јордан Митев пред една година се оствари во улогата на татко и со својата сопруга Славица ги наполнија рацете со најдрагоцениот дар од Бога на кој чекаа, добија ќерка. Времето лета, па како да беше вчера кога Јордан додека беше на турнеја во Австралија доби вест дека се роди неговата наследничка која го доби името Кристина.
Малата убавица веќе е потпораснато бебенце кое наполни една годинка, а мама и тато направија два во едно во знак на прослава- роденден и крштевка.
Подароци за малата слатка славеничка имаше од сите, но најпсебниот беше од тато Јордан, песна со наслов „Ќерка“ која тој ја објави на Јутјуб и социјалните мрежи. Во текстот Јордан пее: „Твоите очи како ѕвезди на небо, твојот насмев како сонце утринско“ пее тој во песната чија музика, текст и аранжман ги направи самиот.
-Почитувани, со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна со наслов ,,Ќерка”. Песната ја посветувам на мојата ќерка Кристина по повод нејзниот 1ви роденден и свето крштевање. Се надевам во песната ќе се пронајдат и многу родители кои имаат ќерки и кои ќе имаат ќерки.
Аудиото е снимано во студиото каде ги имам снимано моите најголеми хитови, студио ,,Анастасија” – Скопје со неповторливиот тон мајстор за наши и пошироки простори Љупчо Павловски.
Видеото го работев со мојот долгогодишен соработник Зати – X Production а се снимаше во впечатливиот објект Офицерски Дом во Битола кој претставува културно историски споменик на Македонија.
Во видеото се појавуваат и уметниците од светски ранг, мојот драг и ценет колега Игор Милевски на виолина и балерината Ива Шутевска. Поздрав до сите, каде и да сте!- пишува Јордан Митев.
Во продолжение слушнете ја „Ќерка“:
фото:Facebook/Jordan Mitev-l Oficijalen Profil / You Tube printscreen/ Jordan Mitev