Актерката Јелисавета Орашанин моментално е на Хаваи со своите деца, а по разорниот земјотрес од 8,8 степени по Рихтер што го погоди рускиот Далечен Исток, а потоа предизвика цунами бранови низ Пацификот, вклучувајќи ги и бреговите на Јапонија, Русија и Хаваи, актерката се огласи преку социјалните мрежи.
Имено, Јелисавета вчера сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа предупредувачка порака што пристигнала на нејзиниот телефон, во која се наведува дека сирените ќе бидат активирани поради заканата од цунами. Обожавателите беа загрижени за оваа информација, но актерката брзо ги смири со нова објава.
Судејќи според најновата фотографија, Јелисавета и нејзините деца се безбедни. Таа објави колаж од четири црно-бели фотографии на кои позира во лежерен фустан со отворени рамена и пешкир на главата, додека под него се гледа костим за капење.
View this post on Instagram
Фотографиите се направени на плажа, а актерката зрачеше со опуштеност, испраќајќи јасна порака дека сè е под контрола. Набрзо, под фотографиите почнаа да се појавуваат бројни коментари од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и изразуваа олеснување дека е безбедна.
За потсетување, земјотрес со јачина од 8,8 степени ја погоди Камчатка во Русија, по што бројни земји се изложени на ризик од цунами. Првите снимки од Хаваи покажуваат дека водата го покрила брегот и шеталиштата, а најголемиот бран регистриран досега бил висок 1,5 метри.
Foto: jagodenamagli /Instagram





