Пејачката Јелена Томашевиќ за прв пат проговори за инцидентот од нејзиниот настап во Бар кога и се слоши на сцената.
Вчера се одржа хуманитарен „Концерт за ангели“, посветен на жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“. На настанот настапија бројни изведувачи, меѓу кои и пејачката Јелена Томашевиќ.
Непосредно пред почетокот на концертот, пејачката разговараше со медиумите и призна дека сите учесници имале измешани емоции.
– Сите сме емотивни, а сепак возбудени од друга страна, бидејќи г-дин Анѓелко е посебен човек кој ја насочил својата болка кон повисока цел, а тоа е да им помогне на другите деца на кои им е потребна поддршка. Сите сме тука од најблагородни причини, да ги поддржиме децата на кои им е потребна помош – рече Томашевиќ.

Пејачката се осврна и на неодамнешниот инцидент за време на нејзиниот настап во Бар, кога и се слоши на сцената, поради што концертот бил прекинат.
Како што објасни, здравствениот проблем бил предизвикан од вирус кој предизвикал компликации со нејзиното средно уво.
– Добив вирус кој ми го воспали средното уво и ги наруши кристалите во ушите. Дури и се пошегував следниот ден дека добив вртоглавица затоа што испеав песна со тоа име. Тоа е привремена состојба, докторот ги вметнал кристалите со еден маневар и вртоглавицата престана, но морав да одмарам неколку дена – објасни таа.

Пејачката призна дека таква ситуација никогаш порано не ѝ се случила.
– Имав снимање претходниот ден и не сакав да го откажам концертот поради вирусот. Тоа утро почнав да чувствувам вртоглавица, која се смири во текот на денот, но повторно се појави навечер. Да знаев дека тоа ќе се случи, ќе го откажев концертот на време и немаше да се доведам во таква ситуација – рече Јелена.
фото:printscreen/Instagram /jelenatomasevic_official






