Балканската мегаѕвезда и естрадна модна икона, најпровокативната и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша вчера, вторник, 8-ми октомври 2024 година, во Конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански одржа PRESS конференција и имаше средба со македонските новинари пред нејзиниот голем, спектакуларен концерт во Скопје, закажан за 19 октомври.
На PRESS средбата со претставниците на македонските медиуми, облечена во црна комбинација од сако и панталони, со црн широк ремен и црни очила, златен часовник и бразлетна со дијамантски циркони од познатиот бренд Алхамбра, Карлеуша се претстави во едно сосема поинакво светло отколку што можеби некои очекуваа.
Наместо, самобендисана, полна со себе, лута, арогантна и тешка за соработка размазена музичка ѕвезда, новинарите се сретнаа со една пријатна, кооперативна, расположена жена, подготвена за разговор и одговори на сите и професионални и приватни прашања, на кои балканската поп-фолк дива трпеливо и темелно одговараше со ведра насмевка на лицето.
Појаснувајќи ги мотивите, значењето и содржината на нејзиниот голем скопски концерт, со кој ќе ја започне нејзината промотивна „Алфа и Омега“ концертна турнеја, Карлеуша рече:
„Мојата голема турнеја почнува со концерт во Скопје, затоа што Македонија ми е среќна и многу ја сакам. Дојдов тука да покажам што знам после 30 години кариера, а не да заработам. Ова е мега проект кој чини многу, но парите не се пресудни. Јас и целата екипа ќе поставиме такви стандарди после кои многу мои познати колеги ќе имаат сериозна задача да ги стигнат“ – потенцираше Јелена.
Кога е во прашање содржинската компонента на концертното шоу, за кое многумина велат дека е од светски размери и самата пејачка рече дека вакво нешто досега Балканот не видел:
„Мислам дека Балканот уште не видел ваква продукција и ваков тип на концерт. Јас не дојдов во Скопје да заработам, ниту да се збогатам, јас сум доволно богата жена. Ниту во Македонија, ниту кај нас не може никој да се збогати, туку само да се покаже. Па така, доаѓам и јас на терен каде се цени музиката да покажам после 30 години кариера што знам и умеам, а од друга страна да му покажеме и на светот дека и ние не заостануваме зад него“ – изјави Карлеуша.
Пејачката долго разговараше со новинарите, кои потоа од групната „ПРЕСС сеанса“ поминаа на поединечни интервјуа, а Карлеуша трпеливо разговараше со претставниците на секој медиум посебно, одговарјаќи им на наивните прашања.
Така, по завршувањето на планираниот ПРЕСС, поп-фолк дивата ставајќи се во функција на медиумите остана со нив уште цели два часа повеќе од предвиденото време, нешто што ретко која голема ѕвезда би го направила.
Со тоа Јелена Карлеуша ги демантираше сите оние кои ја доживуваат како „кучката Карли бич“ или како што оддамна ја нарекоа „мала од скандала“, зашто како што самата истакна:„Jас сум едно на сцената, а нешто сосема друго, сосема поинаква личлност приватно. И жена и мајка, умеам да се смеам, но и да заплачам, знам да бидам и среќна и тажна… Да бидам обична балканска жена“!
Јелена Карлеуша останува во македонската престолнина и следниот ден, среда, 9-ти октомври каде имаше уште неколку ТВ гостувања, ТВ снимања…
Но и лајв Интернет настап во најгледаниот македонски поткаст, кај Стефан Лазаров, каде го обори рекордот на Јутјуб гледаност.