Радио Милева слаткарка да бидам

Јелена Јованова откри досега непозната вештина: Ова нејзина мајсторија е за чиста 10-ка (фото)

Јелена Јованова откри досега непозната вештина: Ова нејзина мајсторија е за чиста 10-ка (фото)

Таа е една од најталентираните и најнаградувани македонски глумици од помладата генерација, сепак пошироката јавност најмногу ја препознава и поистоветува со Јелена од Драчево, улогата која ја има во македонскиот ситком „Преспав“.

Актерката од месец септември по вторпат е во постпородилен период со комплетен фокус на бебенцето Тома, но и сите мајчински обврски околу првото синче Јаков.

Ама мама Јелена кога наоѓа простор и време за да си направи мерак за душа за себе, а и за своите сакани, тогаш решена е да засука ракави и да ја покаже својата мајсторија во слаткарството, односно правењето торти од сурови намирници или веганско слатко задоволство.

За ова свое умеење и вештина се пофали на „стори“ од Инстаграм и откри дека е голем љубител на ваквите слатки задоволства.

А веќе од следната виртуелна приказна, се надоврза со уште една слатка глетка од нејзиниот Јаков во игра со срните.

Неодоливо нели?

фото:Instagram printscreen/jelenajovanovaperic

To top