Промотер

Јана Мрческа е во идеален спој – „Убава и храбар“ (ВИДЕО)

Јана Мрческа е во идеален  спој – „Убава и храбар“ (ВИДЕО)

Седумнаесетгодишната Јана Мрческа од Прилеп дебитираше на годинешното издание на „Макфест 2024“ со својата прва песна. Како најмлад учесник оваа година, Јана се претстави со песната „Убава и Храбар“.

„Музиката од секогаш живее во моето срце. Таа е нешто што ме исполнува и што ме прави среќна. Кога музицирам, имам настап или пеам се чувствувам како вистинската јас. Таа е мое мало место каде што се чувствувам слободна“, рече Јана и додаде дека „Макфест“ за неа е едно од поголемите искуства исполнето со многу енергија и забава. „Убава и Храбар е песна која има големо значење за мене. Најпрвин затоа што е моја прва официјална песна, а потоа затоа што јас доста се пронајдувам во неа од текстот, па се до музиката“, вели Јана.

Музиката и аранжманот за првата песна на Јана се на Иле Спасев, додека пак текстот е напишан од Борче Нечовски.

Јана Мрческа за песната изработи и официјален видео спот кој е снимен во Скопје од страна на Јордан Ѓорески.

Јана може да ја следите на нејзините социјални мрежи:

А во продолжение, уживајте во спотот и во песната:

 

To top