Радио Милева женкар

„Ја изгубив моќта на говорот“: Зорица Брунцлик откри кој момент бил пресуден во љубовта со Кемиш (фото)

„Ја изгубив моќта на говорот“: Зорица Брунцлик откри кој момент бил пресуден во љубовта со Кемиш (фото)

Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш важат за најхармоничен естраден пар, кој и по долги години брак не се двоуми јавно да ги покаже своите емоции.

Но, Зорица пред Кемиш имала два брака и и се случиле случајни врски. Кемиш не го сакала на прв поглед, но сфатила дека тој е мажот на нејзиниот живот кога се нашол во најтешкиот период од нејзиниот живот.

„Сфатив дека животот е толку минлив и краток… Бев многу популарнa, работев многу. Порано се среќавав со моите партнери во „лет“. Мислев дека тоа е причината зошто не сме сродни души и затоа се разделуваме. Да ми кажеше некој тогаш дека Мирољуб е човекот на мојот живот, немаше да му верувам. Ме нервираше затоа што беше женкар. Имав афтер забава после концертот во Сава Центар, а тој ги покани своите поранешни, сегашни и идни сопруги (смеа). Кога почина мајка ми, тогаш сфатив дека тој е човекот на мојот живот“ – рекла таа и се присети на тој период. 

„Тешко ја  прифатив смртта на мајка ми! Беше со мене 24 часа на ден. Само сакав да тргнам по мајка ми, без разлика на децата… Потоа ја изгубив моќта на говорот… Ми паѓаше косата… Во еден момент се туширав и не бев свесна дека целата коса ми паѓа по телото… Тој само рече „Бабо многу те сакавме, но немој да ми ја земеш …“ – рекла Зорица со солзи во очите.

„Тогаш сфатив. Со мене ја трпеше оваа болка, максимално ми помагаше, во тие моменти сфатив дека тој е човекот за мене“, изјави пејачката во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

фото: print Screen/Instagram/YouTube

To top