Радио Милева благодарение на Јутјуб

„Ја исполнив животната желба“ – Марко и Луна се почестиле со автомобил од 250.000 евра (фото)

„Ја исполнив животната желба“ – Марко и Луна се почестиле со автомобил од 250.000 евра (фото)

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се почестиле со нов „бесен“ автомобил вреден 250.000 евра и сето тоа од заработката на социјалните мрежи.

Пејачката Анабела Атијас, инаку мајка на Луна, пред два дена наполни 50 години, а вчера организираше прослава во еден белградски ресторан. Овој прекрасен ден го помина со семејството и најблиските.

Меѓу првите на прославата пристигнале Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ. Тие во разговор со новинарите ги сумирале настаните од претходниот период и ги откриле своите планови за блиска иднина.

Ја сумирале годината зад себе, па откриле дека се почестиле со автомобил вреден дури 250.000 евра.

– Одлично се чувствуваме и уште еднаш ѝ посакуваме среќен роденден. Дојдовме да уживаме и да се забавуваме. Кој би помислил дека мама наполни 50 години и стана баба на две девојчиња – изјавила Луна на почетокот.

Гордите родители на две девојчиња ретко излегуваат, а како што истакнуваат не се заинтересирани за ноќен живот.

– Излеговме пред неколку дена и беше фантастично, малку уживавме за промена. Искрено, не сме многу заинтересирани, но понекогаш сакаме да излегуваме. Ова беше првпат да излеземе по шест месеци – објаснил Марко и додал дека животната желба му се исполнила кога станал сопственик на автомобил вреден 250.000 евра.

– Годинава мислам дека ќе продолжи турбо, бидејќи го купувме автомобилот што го посакувавме. Му благодарам на Господ, со нашите напори успеавме да си го дозволиме автомобилот што го сакавме и што беше моја животна желба. Тоа е автомобил за сите нас, а морам да откријам како дојде до купувањето. Кога Дедо Мраз беше кај нас дома, се случи неочекувана ситуација. Миа тогаш посака автомобил за својот татко. Потоа добив порака за една реализирана работа и тоа е нешто неверојатно како ни се наместија околностите.

Луна истакнала дека изминатиов период ѝ се случуваат многу убави работи и дека повеќе не се плаши дека нешто ќе тргне наопаку.

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ открија дека благодарение на нивниот канал на Јутјуб за три години работење заработиле речиси 180.000 евра.

Откако се откажаа од кариерата во реалити шоуата, двајцата отворија свој канал каде објавија снимки од нивниот приватен живот.

За три години покажување интимност на социјалната мрежа Јутјуб, која вклучуваше секојдневно снимање, Марко и Луна заработија близу 180.000 евра од преку 100 милиони прегледи.

фото: printskreen/instgaram

To top