Радио Милева освен за настапите

Израелската претставничка на Евровизија ја советувале да не го напушта хотелот (фото) 

Израелската претставничка на Евровизија ја советувале да не го напушта хотелот (фото) 

На претставничката на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Еден Голан, и е кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија, поради протести во шведскиот Малме, градот каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане надвор од очите на јавноста освен за време на настапот, објави Еуроњуз.

Таа пристигна во Малме овој викенд, со силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Изборот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

фото: printskrin/instagram/golaneden

To top