Мегафон нему прв голем, нејзе за жал, последен...

Излезе видеоснимка од концертот на Јоце Панов во Македонската филхармонија, кој за жал беше и последен на Сара Пројковска (ВИДЕО)

Излезе видеоснимка од концертот на Јоце Панов во Македонската филхармонија, кој за жал беше и последен на Сара Пројковска (ВИДЕО)

Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8 март годинава во Македонската филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции.

483527988_10231400651152410_5431118489448270929_n.jpg

Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот.

Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е последниот концерт на кој покојната Сара Пројковска беше придружен вокал. Јоце и Сара соработуваа повеќе од дваесет години.

joce-foto-2-so-sinceto.jpg

Од ПР Тимот велат дека поп печајот во моментов подготвува неколку проекти, влезен е во студио и многу наскоро се очекува да биде објавен еден летен хит,  за кој се снима и видео запис.  Интензивно се работи на подготовки за концертната турнеја која низ градовите во државата ќе продолжи на есен, а веќе на пролет следната година во преговори се за настапи во дијаспората кај нашинците.

Концертот може да го погледнете тука…

 

To top