Радио Милева ежење од кое кожа боли

Изјавата на Панчо за песната „Ако утре ме нема“ од која денес лазат морници … (видео)

Изјавата на Панчо за песната „Ако утре ме нема“ од која денес лазат морници … (видео)

По седум месечна здравствена борба, вчера, среда  (14. Октомври) почина музичарот Владимир Блажев – Панчо како последица на трагегијата од пожарот во дискореката „Пулс“ во Кочани.

Иако сите се надеваа дека Панчо ќе биде меѓу малкумината кои се извлекоа, вчера шокантно сите ја примивме веста дека тој почина.

Социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии и видеа кои останаа да бидат дел од спомените, но една изјава дадена по повод јубелејните 20 години ДНК која тој ја даде за „Бекстејџ“, а  акцентирана на песната „Ако утре ме нема“ е онаа од која денес лазат морници.

-Јас сум суеверен многу и кога ја пишував песната, знаеш откако ја снимивме, се осеќав малце чудно знаеш, како да нешто предвидуваш и сите тие работи. Ете тие се некои магиски мисли не, и треба да ги тргнеме. Како што кажав пееска, текстот ми беше у глава, ја додека зборам се ежам, едно од најемотивно среќните песни кои „евер“ сме ја направиле, кажа своевремено Панчо.

Во песната чиј тест е на Панчо се пее дека не треба да жалиме за оној што го нема, но денес тешко остварливи од реалноста се токму овие зборови кои најсилно болат, особено за најблиските и сите оние кои ги изгубија чедата, сопрузите, роднините…

16-ти Март боли и ќе боли засекогаш!

фото:Instagram printscreen/djshortypofficial

To top