Албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири редовно е на некое патување низ светот, овој пат нејзина станица беше Виана, Австрија.
Секогаш сместена во луксузни хотели каде удобноста и услугата се на ниво, ама не секогаш тоа излегува до чиста перфекција.

Овој пат на Аделина преку Инстарам се огласи од хотелската соба каде поради наезда од пчели на прозорецот таа била приморана да побара помош и итна интервенција.
-Добро утро од Виена. Дали некој може да објасни што е ова? Немам видено вакво нешто, вели Аделина во кусото видео каде пчелите нападнале и се позиционирале на едно место, токму пред собата на гостинката од Македонија.
Службата премина кон решавање на проблемот, а Аделина и тоа го прикажа од следното „стори“.
Сладок мирис на мед, слатка гостинка која ја доживуваат како матица или едноставно нешто кое само пчелите си го разбираат, останува непознато.
Веруваме дека токму поради оваа случка кај Аделина за Виена секогаш прва асоцијација веќе ќе бидат плечите.
фото:Instagram printscreen/adelina_tahiri1




