Радио Милева љубовна ротација

Инфлуенсерот пред една година за водителката отвори срце, а сега јавно отвори и душа: „Љубовта е ризик, но со тебе вреди“

Инфлуенсерот пред една година за водителката отвори срце, а сега јавно отвори и душа: „Љубовта е ризик, но со тебе вреди“

Александар Динев е еден од најмладите македонски инфлкуенсери. Дете на новото време и новите професии или хоби сеедно, од кои некои и живеат, а некои само си го дополнуваат џепарлакот. Што да е, младиот лик стана популарен на социјалните мрежи, особено кај помладата попуѕлација корисници, кои секојдневно „киснат“ на Интернет, а таму Динев нема шанси да не го сретнете. Просто е невозможно да не налетате на некоја од неговите  инфлуенс реклами и рекламни видеа.

На нив речиси по правило никогаш не е сам… Или барем ретко, зашто постојано друштво му прави уште еден познат лик од јавниот живот. Младата ТВ водитечла Ева Јовановска или само Евче, која „Бекстејџ“ ја лансираше, а „Г- Карпет“ се’ уште го експлоатира нејзиниот лик, иако Евче се повеќе е исто така инфлуенсерка.

Она што покрај заедничкта работа ги поврзува двајцата е љубовта. Имено, Динев и Евче се во шема… Во љубовна врска цела една година.

И додека едни тврдеа дека тоа што го прикажуваат на некои од видеата, е само „комерцијално глумење емоции“, други тврдеа дека навистина се во љубов, конечно младиот инфлуенсер призна дека  пред една година за водителката отворил срце, а сега јавно отвори и душа.

Имено тој на својот Инстаграм сподели „лепеза“ од заеднички фотографии со водителката, сликани на различни локации, во различни прилики и пригоди. Покрај нив, во описот инфлуенсерот споделил:

„Љубовта е ризик, но со тебе вреди! Земјата направи една ротација околу сонцето. А јас направив една околу тебе. Те сакам!“ – напишал Динев, од што може да се заклучи дека колешката „го маѓепсала“ па во неа е вљубен „до уши“!

Останува уште Евче да се изјасни, иако и таа го споделила она што Александар го објавил, што може, ама и не мора ништо да значи! Впрочем и самиот љубовџија си знае дека „љубовта е ризик“, ама… „На ризик се познава шизик“! Иако многумина на крајот од љубов и… „шизнале“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Dinev (@aleksandardinev)

Фото: Инстаграм/aleksandardinev/_evce_

To top