Ника Тошиќ, ќерката на музичката дива Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, сподели видео преку социјалната мрежа Тикток, кое привлече огромно внимание.
Ќерката на најголемата регионална музичка ѕвезда и фудбалерот, Ника Тошиќ е многу активна на социјалните мрежи.
На ТикТок, таа редовно снима како се подготвува за училиште, облекува, шминка и средува, а патем зборува за настани од училиштето и животот воопшто.
Ника вчера се подготвуваше да се слика за пасошот, а додека се шминкаше зборуваше за предрасудите со кои секојдневно наидува.
– Знаете луѓе, се е тешко во животот. Денеска имав девет часови, кој може да го преживее тоа? Девет! Зошто моето училиште мисли дека немам живот надвор од училиште? Можам да спијам, тоа е се. Не е важно луѓе, животот е убав, само го чекаме јануари, зимскиот распуст – рече Ника во своето излагање, а потоа се запраша:
– Зошто луѓето кога ќе ме сретнат мислат како: „Мислев дека си разгалена и дека многу се фалиш“. Имам познати родители, разбирам, но каква врска има тоа како јас се однесувам? Многу добро ме воспитаа, како што гледате, овде не се фалам, туку зборувам само за мојот живот и како морам да одам на училиште, тоа е тоа – изјави Ника.
@frnotnikaMoram lepo da ispadnem na pasošu ☺️♬ original sound – Nika
Потоа го додаде делот „најдоброто за крај“. – Да, да, да, вие најдобро знаете, најдобри сте во се, можете да предвидите каква личност е. Добро, добро за вас. Секоја чест.