Озборувањето е една од деформациите на општеството. И не е нова… Се озборувало од памтивек. Откога постои говорот. Особено во општества кои се посиромашни, во социјални средини, во региони каде културата и степенот на цивилизаји се уште не се на потребното и задоволително ниво. Оти оние другите, поуспешните и побогатите галиба си имаат други обврски, попаметна работа, помалку време за „јадење бурек“ за другите, зашто мораат да бркаат работа. А и баш ги „боли уво“ што ќе кажат другите, роднините, комшиите… Кои најчесто и не ги ни познаваат!
Што се крие зад озборувањето и кои се негативните последици од него, на сите нам ни е горе – долу јасно… Ама чуму?! И понатаму си озборуваме. Кој поретко, кој почесто, кој повеќе, кој помалку, кој без престан… По се’ изгледа таков ни е менталитетот. А и средината во која живееме. Туѓиот проблем, туѓата мака се послатки за сожалување… А туѓиот успех, најтежок за признавање!?
Дека е тоа така сме го искусиле сите, но најчесто на своја кожа го почувствувале оние кои се секојдневно најизложени на јавноста и нејзините критики, пофалби, нејзиниот суд. Јавните личности, секако, кои катаден им се пред очи на сите, па и на озборувачите…
Но, за да не се мачите да нагаѓате што мислат „ѕвездите од различна провиненција“ за озборувањето и оние кои не можат без него зашто им е еден вид духовна храна, зошто се такви какви што се – сеирџии на туѓиот подем или пад и од каде тој нивен порив потекнува, тука е македонскиот шоумен да ви објасни.
Погледнете и слушнете како Игор Џамбазов „во два збора“ детално и сликовито го опиша просечниот македонски озборувач… а и причините зошто е таков каков што е!
View this post on Instagram
Фото: Freepik/Инстаграм/prikaz_na