Македонскиот шоумен, актер, водител, блузер, писател… што ли уште не е Игор Џамбазов, славеше роденден. Не е дама па не ги крие годините, а и нема зошто… Зашто за жал, некои од нас оваа возраст и не ја дочекаа. Затоа напротив, Џамбазов гордо сподели на своите Инстаграм приказни дека влегува во 61-та… Или што би рекле народски, ја раситни и седмата деценија! Навидум многу, некој ќе рече: „Леле па тој бил стар!? Стар?
„Yes, Нe is a star! The Biggest! Old and gold!“ – што би рекле браќа Американци! Затоа и понатаму се’ уште е толку популарен, сакан, почитуван, обожаван… Зашто е еден и единствен. Затоа единствени беа и мнопштвото роденденски честитки. И од обичните луѓе кои се дружеле и се’ уште се дружат со него во секоја можна прилика и од оние познатите, естрадни, ТВ или јавни фаци, со кои Џамбаз е близок, на некои дури и идол иако така никогаш не се однесувал!
„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена. Другото е историја… и по малку театар и музика“ – напиша Џамбазов покрај Инстаграм објавата со најновата роденденска бројка.
Шоуменот ја раситни седмата деценија, а познатите личности со интересни коментари го почестија и му честитаа!
ТВ водителката и екс пилатес инструкторка Снеже Велков во честитката ја вклучи и митологојита, споредувајќи го јунакот на нашето време со оној од времето на антиката.
„Под бр.61 во Периодниот систем е елементот Прометеум.Еден исклучително редок елемент.Има такво својство и може да се користи за осветлување.Името го добил по Прометеј.А митот за Прометеј кој не го знае нека го прочита.Ништо не е случајно.Да не радуваш со твоето постоење уште долго!Love you“ – вака му честиташе Снеже на Игор.
Познатата професорка, автор и водител на ТВ емисии и подкасти, Татјана Алексиќ била куса и концизна, но хируршки прецизна во констатацијата содржана во нејзината честитка:
„Жив и здрав, Анче и Џамбаз испорачале дело со трајни вредности!“
Пејачката Девана Нардели честитката ја надополни со земјотресна случка која некаде ја слушнала, од големата скопска катстрофа во годината 1963-та, кога Џамбазов е роден:
„И на 26ти јули кратко откако те земала в раце, дрмнал земјотресот и паднал тврд објект врз колевката. Ете, Господ имал други планови за тебе. И уште ги има. Среќна ти шееспрва“ – напишала Девана.
Тијана Дапчевиќ и Игор Џамбазов се блиски пријатели уште од тинејџерските денови, па се до ден денес. Последната блиска дружба ја имаа и во хумористичната ТВ серија „Преспав“.
„Џуџи мили, вака да бидеме млади, насмеани, среќни и здрави у глава, засекогаш. Среќен роденден Игор“ – споделила Тијана покрај заедничката фотографија.
И нејзината помала сестра Тамара Тодевска е ептен блиска со Џамбазов. И приватно и професионално, па затоа и ја искористи една од песните што тој и ги напиша „Тешко без тебе“ како роденденска честитка до верниот другар.
„Тешко без тебе мој Џамбаз, буквално се’ ќе беше потешко без твојата поддршка и другарство… Другарство за цел живот. Среќен роденден“ – споделила пејачката.
Нејзината помлада колешка Антониа Гиговска исто така на роденденот на Џамбазов се сети по песната, па му напиша во честитката:
„Среќен роденден ‘татко’ Игор. фала ти на преубавиот текст за ‘Крива сум’ и се надевам на уште многу“ – споделила Антониа.
Уште една пејачка, Кристина Арнаудова со искрена честитка кон колегата Џамбазов на кој му порача:
„Среќен роденден на човекот кој остава длабока трага во македонската култура на секое ниво! Треба да сме горди што го имаме! да те немаше, ќе требаше да те измислиме!“ – конататираше Арнаудова во нејзината роденденсдка честитка.
А, честитки уште многу… И се уште се редат и ден-два-три… И потоа… До бескрај. И од познати и од непознати. Зашто еден е Џамбазов!
Затоа нека му е среќен, најсреќен роденденот и од нас! Или како што некој напишал: „Чест на Македонија што те има“!
Фото: Инстаграм/igordzambazov